ЗА НАС
Спинг-Плус ДОО Скопје е претпријатие коешто работи во полето на климатизација на македонскиот пазар од 2000 година.
Имаме повеќе од 20 години искуство и специјализирани сме во областа на завршни работи во градежништвото. Конкретно обезбедуваме решенија на климатизација на објекти во сите фази, од изработка на идеен концепт, до дизајнирање на план, набавка на опрема, монтажа и следствено одржување и сервис на истата.
Спинг-Плус е директен застапник на брендот LG Electronics во Македонија и ја нуди целокупната палета на нивни производи за климатизација наменета за Европскиот пазар. Воедно сме и овластен сервис на LG Electronics, со што го покриваме и понатамошното одржување, гаранција и набавка на оригинални резервни делови за опремата.
Во Спинг-Плус имаме големо искуство со набавка и инсталација на опрема за климатизација на основ фреонски системи, воедно и за резиденцијални и за комерцијални објекти. Работиме со ВРФ (VRF) системи, топлински пумпи, чилери, мултиинвертоски системи и сплит системи.
За повеќе информации, преземете го каталогот од почетната страна или контактирајте не по телефон, факс, или електронска пошта.

